За еден месец
Ја согледуваат состојбата на терен преставници од Општината, ЈКП Водовод и канализација и консултанти кои работат на изградбата на пречистителната станица за отпадни води со кој ќе се третираат градските фекални води и ќе се реконструира дел од канализациската мрежа. Констатирани се теренските подготовки на улиците “Вера Циривири” и “Тризла” за отпочнување со промена на канализациските цевки. Се очекува наредниот месец да започне првата фаза.
Ова е првиот македонски проект, обезбеден од фондовите на ЕУ со околу 14 милиони евра, а остатокот од околу шест милиони евра се од државниот буџет.