ТЕСТ ЗА ПОБЕДА

Втора лига

На шестата Победа јуниор тест е утрешното гостување кај четвртиот Еуромилк во Скопје. Екипата на Златко Петрески има шанси за висок пласман, бидејќи со собрани 28, е три бода зад вториот. Претходното коло со просечна игра и триумф 2-1 беа освоени бодовите со Охрид.

Дома играат останатите градски претставници. В сабота (14 ч.) 14-то Корзо го пречекува 10-то Новаци. Составот на Зоран Штерјовски е рамен на најквалитетните. Оптимизмот е кренат по 1-1 кај фаворитот Миравци. Бодот и прикажаното се обврска, правдање на очекувањата. Тимот кога не потклекна пред најмоќниот, не треба да загуби од никого до крајот.

В недела (14 ч.) на Градски е мечот меѓу осмиот 11 Октомври и деветтото Маџари. Момците на Тони Наумоски оштетени и од судиите беа поразени 2-1 во Новаци и нужен е брз опоравок со победа задутре. Клубот е без прв човек, бидејќи незадоволен од состојбите поднесе оставка претседателот Дарко Иваноски.

Loading