СТАРТ ВИКЕНДОВ

Трета и општински

Почнуваат возбудувањата во пониските лиги. Во Третата Југ пролетното продолжение е в недела, со мечевите од 16. коло. Се среќаваат: Млекар – Партизан, Братство – Г. Коњари, Вардар – Младост, Кадино – Вардарски, а најтешко ќе биде за Тополчани кое дома го пречекува несовладливиот лидер Борец од Велес.

Во А лигата в сабота се среќаваат: Гарван – Динамо, Кадица – Чепигово, Тризла – Варош, Боротино – Козара, Пролетер – Обршани, а на Металец, терен кој “плаче” за рамнење се соочуваат Прилеп сити – Слога. Во овој меч домашните кон трите бода одат засилени со Кристијан Гркоски, Мартин Стеваноски и Валентин Кулески. 

Loading