СТАРСКИОТ ДОМ ПОДОБАР ОД ДОМА

Домот за згрижување стари лица ќе ги подобри условите за престој на корисниците со проширување на сместувачките капацитети.

– Се очекуваат инвестиции од околу пет милиони денари и повеќе, за обнова на собите и изградба на санитарни јазли – рече градоначалникот Марјан Ристески.

Лани комплетно се замени канализационата и водоводната мрежа, се поставија нови плочки, санитарии и се промени дограмата за околу 2,5 милиони денари. Се изгради и фонтана – кажа директорот Дарко Рибароски.

Изведените зафати делумно беа следени со сопствени средства, а дел и со пари од локалната самоуправа и Министерството за труд и социјална политика.

Loading