СПРЕМНА ПРОЧКА

Општината и здружението Прилепски Мечкари ги финишираат подготовките за 13 меѓународен карневал Прочка 2013 на 17 март. Најавено е учество на групни маски од градот, од Струмица, Кавадарци, Вевчани, Сопот, Пробиштип, Берово, Охрид, како и од Корча – Албанија, Шабац, Лесковац, Нови Сад, Белград, Врњачка Бања, Бања Ковиљача од Србија, од Птуј, Словенија, Бол од Риека, Хрватска, Разлог, Бугарија…

Карневалот ќе биде проследен со богата културно уметничка програма, дефиле на маски, изложби, маскенбалски забави.

– Манифестациите се отвораат идниот петок со изложба на цртежи и маски, на која со своите креации ќе учествуваат ученици од сите основни и средни училишта. Ќе се доделат награди за најуспешните. Идната сабота најавена е парада на жонглери, акробати, кловнови, мечкари, мажоретки. Карневалското дефиле ќе се одржи в недела – вели Снежана Ристеска, советник за култура во ЛС. 

Loading