Локалните власти ќе обновуваат десет мостови на Оревоечка и Дабничка река. Работите почнаа на најфреквентните мостови кај автобуската станица.
Бранко Нешкоски од ЈП за урбанистичко планирање вели дека десет мостови ќе добијат модерен урбан изглед.
– Ќе се обноват металните огради и патеките за пешаците. Секој мост ќе биде различно уреден, со посебен сензибилитет и карактеристики. Прв ќе се реконструира мостот кај автобуската станица, што ќе го завршиме за две недели. Градот ќе добие уште два пешачки моста. Уредувањето ќе ја збогати урбаната физиономија на градот – вели Нешкоски.
Интензитетот на обновата на мостовите зависи од временските прилики.