ГОТОВ ПАРКОТ ВО ТОЧИЛА

На 28 илјади метри квадратни при крај се градежните работи на ревитализацијата на парковска површина меѓу колективните станбени згради во Точила. Проектот освежување на зеленилото опфаќа три дела. Тревнатата површина и хортикултурното уредување е на 19250 м2 и 379 м2 водена површина (езерце). Предвидени се три игралишта, од кои две постојни, игралиште за кошарка и игралиште за одбојка на песок, а во средишниот дел ќе се огради детско игралиште. Третиот дел е простор за одмор со дрвени настрешници и 107 клупи, 27 нови светилки, 33 корпи за отпадоци и 24 детски реквизити за забава. Идејното решение е на ЈП за ПУП, а инвеститор е Општината и ЈКП Комуналец.

Loading