УСПЕХ “НА ПРВА”

Осмоодделенката Георгина Николоска од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, првпат учествувала на поетско читање на денот на љубовта и хуманоста. Прозата и поезијата за неа биле само “чистење на душата” преку пишан збор во домашниот дневник и ништо повеќе. Поголемо внимание обрнува на англискиот јазик, кој одлично го владее и се подготвува за натпревар во Гимназијата НОВА, да продолжи таму, ако успее да освои повисоко место. Ја сака и биологијата и хемијата, па далекугледо размислува да стане фармацевт, следејќи ги законските одредби за вработување во аптеките.

Но, во Георгина тлее литерарен оган што таа мошне умешно знае да го искористи во прозно дело. Со првото јавно читање ја занемела публиката и го освоила првото место со делото, Љубовта како хумана порака до луѓето.

Како и да е, хуманоста во Георгина ќе произлезе на овој или оној начин.

Loading