ТЕАТАРОТ И ПРОФЕСОРИТЕ ЗА ТРЕСКАВЕЦ

ЦК “Марко Цепенков”

Театарот “Војдан Чернодрински” вечерва од 19.30 часот, ќе ја прикаже хуманитарно претставата “Многу врева за ништо”, во режија на Ива Милошевиќ. Парите собрани од влезниците ќе бидат донирани за обновата на манастирот Трескавец. Со ова практично ЦК “Марко Цепенков”, како многупати досега, ја покажува својата општествена одговорност, овојпат донирајќи средства од продадените билети за обновата на манастирските конаци кои изгореа на четврти февруари.

И професорите од музичкото училиште го дадоа придонесот за Трескавец со хуманитарен концерт во ЦК “Марко Цепенков”. Свиреа класична музика, џез, блуз, латино, етно, поп, рок, танго и народни ора. Средствата од влезниците се подарија на сметката за обнова на изгорените конаци на Трескавец.

За Трескавец се донираат и парите од концертот на  Танец.

Loading