СÉ ПО СТАРО

Пинг – понг

Паузата од есенскиот до пролетниот дел на Супер лигата во пинг – понг беше долга, но ништо ново нема за статусот на тренерот – селектор Зоран Јованоски – Тарзан. Лани се пожали дека никој не ја цени децениската жртва за пинг – понгот, играјќи и за Работнички и за Младост, а сега тренер од утро до мрак за Младост, така што без претерување кажано е оставен на улица.

– Не барам преку леб погача, но фактор не ме вика да преземе нешто – вели Јованоски.

В недела за Младост продолжува првенството и борбата да се одбрани титулата со гостувањето кај Силни дечки во Куманово, додека Прилеп оди на мегдан со Гоце Делчев, а Младост 96 со Работнички.

Loading