ПО МЕДАЛИ ВО ШТИП

Борење

Од денеска и преку викендов е државното меѓуучилишно првенство за борење слободен стил, кое се одржува во Штип, во организација на БК Балканец и тоа е одлична можност за собирање медали од страна на БК 7 Мај Леов. За трофеи ќе се борат Теодор Темелкоски, Бобан Бубрегоски, Леонардо Насески, Антонио Дојкоски, Катерина Мирческа, Маја Дојкоска, сите членови од клубот, кои уште се основци. Амбиција се пласманите меѓу првите тројца во секоја дисциплина, а за најискусниот Теодор Темелкоски е императивот злато или финале. Првенството е генерален тест за 8 март и настапот на силниот меѓународен турнир во Галабово, Бугарија.

Претходно, во Кочани беше изборно кадетско првенство, каде пласманите беа под ниво, а впечатокот го спасија девојките со први места, Маја Дојкоска и Катерина Мирческа.

Loading