ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ ЗА ПАТРОНОТ

СОУ Кузман Јосифоски – Питу

Со низа активности го прослави патронатот средното училиште кое го носи името на народниот херој – Кузман Јосифоски – Питу или “вториот Гоце Делчев”, како што го викале соборците. Во содржината на сеќавањето беа свечената академија, полагањето свежо цвеќе на спомениците на плоштадот, на Могилата и во дворот од училиштето. Се посети спомен куќата на Кузман, а имаше и литературно читање и турнир во мал фудбал. На академијата учениците се претставија со најдобро совладаното градиво од предметите, бидејќи ги подготвувале со многу љубов. 

Loading