ЛОГОПЕДСКИ СЕТ ЗА ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ

Медицинска опрема за логопедската ординација вредна над седум илјади евра подари Германската амбасада на Здравствениот дом. Донацијата е два логопедски сета, плус стимулатор за визуелни ефекти, кои ќе придонесат за олеснување на работата со децата кои дткаат и имаат проблеми со говорот и слухот.

– Првпат децата кои имаат проблеми од логопедски карактер ќе имаат третман според современи стандарди – вели Петар Ристески, директор на Здравствениот дом.

Без техниката подолготраен бил третманот, а сега ќе се скуси и ќе порасне ефикасноста и квалитетот на услугата кон децата. Логопедите ги посетуваат и градинките за откривање на проблемите на децата, а повозрасните на систематските прегледи.    

Loading