КАТИЛ ШЕРИФ

 

До Древник брего во Трновци село

се родил таму, Шериф ѕверо.

Ко порастил голем си одбрал дела

полјак да биди во три села.

 

Се доселил во Руфци без никој да праша,

си замислил да е некој голем паша.

Кој ќе појдел во Сарандиново село војна таму водел,

од разни измислени казни дисајѓи полнел.

 

По Чумово село до Клетовник Брего,

до крушата сама имал чардак од слама.

Во пазарни дена, саботи и стреди

Задржувал жени, чардако да му се среди.

 

Во Штавичка угар никнала од лубеница семка,

растела на незе ластунка тенка

Катаручек аргати терал со грсти вода ластунка да вадат,

место одмор да прават и од сонцето да се ладат.

 

Бутески Ѓорѓи во угарата гол се слекол,

ластунката млада во доло ја свлекол.

Штавица село три дена во опрес било,

платило сто лири, Шерифо да се смири.

 

Народо решил Толе Паша да го доведи,

полјако Шериф за да го среди.

Навратил Толе кај чардак колиба,

за кратко време таа во пламен била.

 

Шаќир и Толе превара му прават да го намамат,

во Прилепец село, кај манастиро горе,

на манастирските овци стриг ќе му прават

полјако Шериф нема да го канат

 

Овците по стриго овчаро Ице во честак ги паси,

од Руфци Шериф овците ги гледа, го бодна коњо да ги истера

Ко стигна тамо оштро викна абе ќерата зошто пасиш тревата,

жими верата сега жив ќе те дерам да ти е земам жената.

 

Комитата Ице во Шериф пукна од устата него крв му бликна.

Ранет Шериф бодна со коњо кај Самодрво да бега

Толепашовци таму стрела во него, уплашен коњо за честак се врати,

обрачо се стега со живот сега Шериф ќе плати.

 

Лопатички Спасе од заседа во Шериф пука,

погоден Шериф од коњо падна убијен тука.

Полјако Шериф во Трновци се роде

Над Чумово во честак збогум си зеде

 

Автор

Томе Велјаноски – Марулецо

Loading