ГИМНАЗИЈАТА ОД “НАНО ДО ГИГА”

На натпреварот за млади истражувачи на Технолошко – Металуршкиот факултет тема беше “Нано материјали – материјали на иднината”. Темата не случајно избрана, претендираше да ги поттикне учениците на истражувања и развивање на креативноста во примената на наноматеријалите.

Точно 18 тимови гимназијалци аплицирале, од кои 15 го исполниле критериумот за презентација пред четири универзитетски професори. Комисијата оцени дека на Антониј Мијоски и Огнен Попоски од четврта година им следи парична награда од 6000 денари како првонаградени, потоа Теодора Јагуриноска и Фросина Боцеска од трета година 4000, а тандемот Христина Патоска и Теодора Попорданоска го поделиле третото место со Бојан Димески, Андреј Попорданоски и Стефан Неделкоски од прва година и 2000 денари.

Првонаградените стекнаа учество на државниот натпревар во Охрид во април, а факултетот ќе понуди и стипендии за дел од учениците кои би продолжиле со студии на факултетот.

Loading