БЕЗ ОДМОР

Градот го поштеди природата од поплави што ја зафатија земјава. Се отвори небото, па дожд и град паѓаа скоро цела недела. Но, бегството од стихијата е “адут” што го имаме кога нé нарекуваат најсушниот град.

И само што ќе престане дождот, се појавуваат работници кои без пречка, совршено го уредуваат плочникот. Капата на глава, подебела виндјакна, облечена на “униформата”, па раскопуваат и местат плочки под конец, без око да им трепне. Од времето немаат гајле, а и како би имале кога се наследници на Крал Марко, на кого се потсетуваат кога за кратките паузи ќе си ги релаксираат живците со витамин Б или “течна ужина” спакувана во “работничките” 500 грама пиво. Слично како на војниците од Советската армија, кога комесарите им давале на војниците шишенце водка пред јуришот за поголема борбеност или како што викале “100 грама од комесара”. Во мирно време требаат мирни живци, па затоа и работниците не јуришаат, туку полека, но сигурно тераат, без замаеност. 

Loading