Победа јуниор
Нов фудбалер во редовите на Победа јуниор е Дејан Велевски од Пелистер (19), последен играч за врска. Врсник и сограѓанин е на напаѓачот Синиша Станковски. Списокот не е затворен. Оттука можноста уште за некој нов на тренинзите од Златко Петрески, кои се реализираат на Градски и Металец.
Одиграни се четири пријателските натпревари. По победата над Корзо 1-0 со голот на Александар Чешелкоски, дојдоа два пораза. Прво 3-1 на гости кај Новаци и покрај водството со голот од пенал на Христијан Петрески, а подобро со 2-1 беше Братство Житоше на мечот во Лажани. Голот и на овој дуел е дело на Чешелкоски. Четвртиот тест заврши со реми 2-2 кај Новаци. Стрелци се Митревски и Велјановски. Вчера се одмерија силите со Напредок, а в недела е генералната проба со ривал кој дополнително ќе биде договорен.
Победа на првиот пролетен меч за бодови игра дома со Охрид, со шанса вторпат да го совлада и на тој начин да тргне по патот кој го посакуваат навивачите, патот од седмото место кон врвот.