СЕМИНАР

Џудо

В недела во основното училиште “Гоце Делчев”, џудо клубовите ЏК Сеишин и ЏК Прилеп, со Џудо федерацијата на Македонија организираат семинар за судии и тренери – трет циклус – теоретски и практичен. Акцентот се става на новите правила, воведени годинава. Ќе се запознаваат преку дискусии и демонстрации на борби, начин на кој полесно се препознаваат и детектираат новостите на овој план.

На 3 март се пионерското и јуниорското државно првенство, а на 10 март кадетското и сениорското, во Прилеп, во организација токму на ЏК Сеишин.

Loading