Карате: По настапот на Европско
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов им честиташе на шесте карате репрезентативци за успешните настапи, на Европското карате првенство во Коња, Турција, ветувајќи дека пак ќе ги посети и охрабри во пресрет на Светското првенство. Покрај “златниот” Берат Јакупи, “бронзените” Моника Пендаровска и Виктор Крстевски, Иванов им честиташе и на петтопласираните меѓу 44 земји, од ката тимот на КК Ронин, Маријана, Мишела Димоски, Искра Каракашоска со селекторот Златко Димоски.