ПОСЕТА ОД ПАРТНЕРСКИ УЧИЛИШТА

По посетата на ученици од СОУ “Ѓорче Петров” на Молдавија, организирана од асоцијацијата на централно европски училишта од Виена, дојде ред за возвратна посета. Покрај 12-те ученици од Молдавија, имаше и десет средношколци од Унгарија, придружувани од професори по англиски јазик.

Привилегијата да бидат гости, а сега и домаќини, СОУ “Ѓорче Петров” ја доби со проектот “Медиумска писменост”, на кој конкурираа лани. Унгарските гости биле воодушевени од Марковите кули, а на Молдавците “в око им падна” убавата општинска зграда. За  четиридневната посета, гостите биле сместени кај наши ученици, каде дополнително се запознале со македонската кујна и вообичаениот живот на прилепска фамилија. 

Директорот на СОУ “Ѓорче Петров”, Дејан Димоски, истакна дека со посетите се гради партнерски однос меѓу училиштата, се разменуваат искуства од образовните системи и контакти на учениците и професорите, со што придобивките се обострани. Со проектот од виенската организација, во март посетено ќе биде средното училиште во Будимпешта, Унгарија.    

Loading