ПОЕТСКИ БОЈ

Во ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”

На учениците што негуваат љубов кон пишаниот збор како да им е малку изразувањето само за патроните празници, па секогаш бараат “изговор” за да ги ослободат чувствата преку поетско читање. Наставничката Снежана Тодеска од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, за пригоден ден, го нашла 14-ти февруари, денот на вљубените, но и на хуманите. Ова е седмипат од поетската традиција.

Над 30 ученици од сите основни училишта водеа поетски бој, а присутни беа и ученици од средните училишта. Песните беа посветени на Тоше, светците Валентин и Трифун, мајка Тереза и општо за хуманоста и љубовта. 

Први награди за поезија и проза добија од ОУ “Климент Охридски” и ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, втори беа од ОУ “Гоце Делчев” и ОУ “Рампо Левката”, а трети од ОУ “Блаже Конески” и ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. Младите литерати добија пригодни награди.

Loading