ПОДАДЕНА АМЕРИКАНСКА РАКА

ВО СОУ “КУЗМАН ЈОСИФОСКИ – ПИТУ”

Иако поскромно од лани, и годинава свети Валентин се празнуваше во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”. Од изработените честитки и креации, се собрале средства, наменети за хуманитарни цели. На штандот, најчести посетители биле професорите и учениците.

Професорскиот кадар е многу задоволен од соработката со членот на Мировниот корпус, Американката Ерин Хулихан, која постојано ги мотивирала учениците за празниците кои традиционално се прославуваат во САД. Покрај тоа, таа им предава англиски јазик, ја води англиската секција и севкупно им помага на заинтересираните. Пред да дојде во Прилеп, била професорка по англиски јазик во Питсбург, САД. Ќе им биде на располагање на учениците и професорите до 2014-та година.

Loading