КОГА ЌЕ ПОРАСНАМ ЌЕ БИДАМ ГРАДОНАЧАЛНИК И …

Кое дете не сака да порасне побрзо и најбрзо што може?! Нема такво. Но, после посетата на градската општинска куќа и “муабетот” со градоначалникот, на учениците од 4-2 одд. од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” ептен им се брза. Воодушевени се од видено и слушнатото. Ја разрешија дилемата: што ќе бидат, кога ќе пораснат. Нема двојби – ова е класот на идните градоначалници на Прилеп. Е, сега, по посетата ги средија впечатоците, направија “анализа” и дојдоа до заклучок: изгледа како лесна работа, ама не е! Не е важно да ти е убава канцеларијата, важно е да си добар човек и да работиш со љубов! Градоначалникот треба да е учен, ама и мудар! Треба да имаш желба на секого да му помогнеш!

Забелешка немаме! Сé си е на место. Овие умни глави знаат дека за да станеш прв човек на градот треба да завршиш и факултет за градоначалници! А може и некој друг факултет, но мораш да бидеш најдобар ученик и многу да го сакаш својот град. Идните градоначалници од 4-2 одделение имаат многу планови за убав Прилеп. Еве дел од желбите, еден ден, кога ќе станат први луѓе на Прилеп, што ќе направат:

Мартина: Ќе направам сe за да биде најубав.

Елена: Ќе изградам нова зграда за моето училиште.

Леонардо: На Плетвар ќе направам скијачка патека.

Искра: Ќе ги изградам најубавиот хотел и музеј.

Елена: Едно големо лизгалиште сите да се забавуваат.

Алек: Ќе ја направам најголемата библиотека.

Loading