УДАР НА СТУДОТ И ЗВУКОТ

Рабуш пласт

Големата желба за сопствен бизнис, пред десет години го охрабрила Гоце Стојаноски да почне со монтажа на ПВЦ дограма. Неговата фирма која има несекојдневно име Рабуш пласт, сега е лидер, не само во местење на прозорци, туку и балконски, влезни врати и излози.

Едноставно идејата за бизнис ја доловил на стопанскиот саем во Пловдив, Бугарија, каде неколку години при посетата се трудел да “купи” нешто ново, да научи техника и вештина. Формулата за успех во бизнисот, според него, е во упорноста и волјата која треба да ја има сопственикот.

– За сé е потребно волја. Немав определен ангажман и го почувствував трендот за пластиката, според новите барања. Името на компанијата е фамилијарен прекар, според стара мерка со шифри. Односно бележење на стапче со точки, цртички. Така се мерело, на пример порано млеко, се забележувало на дрвце со нож.

Почетокот му бил со ортак, но по две години продолжил сам со бизнисот.  Застапник е на германската фирма Рехау.

Работат и на индивидуални објекти и на дограма на институции за кои ангажманот го добиваат на тендер.

– Пресуден е квалитетот, а најважно е дека овозможуваат звучна и топлотна изолација. Битен е и составот на профилот, но најважно е како е изработено, монтирано. Рехау е сепак бренд како што е Мерцедесот меѓу автомобилите. Има повеќекоморни, со повеќе дихтунзи, со три стакла, како фотогреј и т.н. Перспектива има доколку сакаш да работиш – објаснува сопственикот Гоце Стојаноски.

Конкуренцијата раѓа квалиетет и е избалансирана со неколкуте поголеми фирми, од 50-тината кои работат со ПВЦ дограма. Инвестира постојано во машинскиот парк.

– Важно е и искуството, но треба и вложување во развојот, да се следат нови елементи за осовременување. Потребно е да се држи чекор со технологијата – вели Стојансоки. 

Вложува во нови машини, кои овозможуваат изработка на прозорци со кои се енергетски поефикасни.

Технички фирмата е добро опремена, ги следи и посовремените материјали, како што е комбинацијата на ПВЦ и дрво, или дрво со алуминиум. Се трудат да бидат ефикасни при монтажата.

– Работам со обучени работници со големо искуство. Монтажата им е лесна. Тоа е предност за муштеријата, бидејќи само за неколку саати успеваме да ја извадиме старата и монтираме новата дограма – вели Стојансоки.

Иако е зима, имаат постојано работа. Дури исклучително било чудно тоа што и во текот на јануари имало доста побарувачка за монтирање на ПВЦ дограма.

Трендовска работа е, сепак Стојансоки е спремен за периодот кога ќе има затишје на побарувачката или пак евентуална преориентација во бизнисот, бидејќи пластиката има долг век на употреба.

Со Рехау дограмата се постигнува и успешен декор на домот и работните простории со извонредниот дизајн и квалитет на материјалот Се врши апсорпција на звукот, а се нуди и низа решенија за отворање или затворање на дограмата. Прозорците и вратите по мерка се докажани во областа на енергетската ефикасност и функционалност. Со дограмата на Рабуш пласт ликот на куќите и зградите добива оптички, функционален и енергетски ефект. Располагаат со различни системи за прозорци, подигачко – лизгачки врати кои ја намалуваат енергетската загуба, а во лето не ја пропуштаат надворешната топлина. 

Loading