Минатата година, три средни стручни училишта имале можност да присуствуваат на Саемот на жената во Скопје. На посета биле 68 ученици и 12 професори од СОУ “Кузман Јосифоски Питу”, СОУ “Орде Чопела” и СОУ “Ѓорче Петров”. Се запознале со активностите на академија “Леонтиќ”, а со менаџерите разговарале за претприемачките вештини.
Учесниците внимателно го слушале излагањето и имале прилика да се уверат во професионалниот приод на тимот. Се вратија, полни со импресии, нови идеи и позитивна енергија, во уверување дека ваквите успешни претприемнички искуства ќе се мотивација за сите новите генерации.