Со божествена литургија во храмот Свети Атанасиј Велики, со песна, со богата трпеза, жителите на селото Радобил, по многу години го прославија празникот. Седнаа на заедничка трпеза селаните, исселените, гостите за сведен. Помуабетија и се присетија на старите традиции, кога се славела селската слава. Ги почести со присуството и наздри со домаќините и градоначалникот Марјан Ристески.
– Во нас тлееше желбата да ја обновиме славата. Со поддршка на општината еве дојде ден да се одржи свечена литургија во црквата. Ја продолжуваме традицијата – вели Борис Крстески од Радобил.