Вечерва в Библиотека
Авторот Жаклина Трпевска вечерва од 18 часот ќе ја промовира книгата “Бојда – корени на националниот идентитет” во Библиотеката “Борка Талески”. За книгата посветена на Исмаил Бојда, Македонец со исламска вероисповед, ќе зборуваат Ристо Никовски и Тодор Петров.
Мотивот бил раскажување на животот на Бојда, роден во областа Гора на Косово и неговата потрага по корените на националниот идентитет. Низ содржината се упатува апел до државата да покаже уште поголема грижа кон овој дел на македонскиот народ, да не дозволи да се поистоветува нацијата и религијата и да се прифатат Македонците со исламска вероисповед како неотуѓив дел од македонскиот народ.