Процесот за легализација на бесправно изградените објекти во општинава се одвива со несмален интензитет и носи голем бенефит за градот, зашто комплетното озаконување на дивите градби треба да заврши до 30 јуни 2014 година.
Од Секторот за урбанизам велат дека во процедура се 15 367 предмети. Од нив решиле 3137, а во постапка се уште 200 барања. Со предметите на комисиското разгледување, ќе се заокружат околу 4000 решенија за легализирање. Тоа е потврда за високата ефикасност.
– Остануваат уште 3367 барања што треба да се обработат за најкраток можен рок. За раст на ефикасноста, зголемен е кадровскиот потенцијал на тимот. Покрај упростувањето на законската регулатива, со која се либерализира и поедноставува процесот, нужно е да се запазат пропишаните правила. Секторот редовно излегува во пресрет, доколку се донесе изготвениот елаборат – објаснува Илија Карески, раководител на Сектор за урбанизам.
Градоначалникот Марјан Ристески е задоволен од текот на процесот на “припитомување” на дивите градби и нивното внесување во легалните канали. Општината инкасирала 41,5 милиони денари од граѓаните и стопанските субјекти, кои ќе бидат повторно вратени преку инфратструктурни објекти или изработка на урбанистички планови.