
Со модерна урбана опрема се уредува плоштадот “Методија Андонов – Ченто”. Поставени се клупи за одмор, корпи за отпадоци и табли за информирање. Зафатот чини 500 илјади денари, а го изработи и реализира ЈП за ПУП.
Претстои збогатување на просторот со светлосни паноа околу секое ново дрво. Ќе се постават и жардењери, а плоштадот ќе биде збогатен и со хортикултура да се претвори во катче за уживање во шаренило од бои.
![]()

