“КИТКА” КАКО “СУПЕР МАРИО”

“Супер Марио – сервис за стари изнемоштени лица” е проектот што го поддржа локалната самоуправа во домовите на претежно стари пензионери. Една година волонтери на НВО “Китка” ќе посетуваат 90 стари изнемоштени граѓани на кои ќе им пружаат помош.

Волонтерите ќе ги посетуваат домовите на старите лица и ќе им помагаат да се нахранат, облечат, ќе им овозможат да имаат комуникација со надворешниот свет.

Виза за реализација на проектот “Супер Марио” дадоа советниците. Општината за оваа намена ќе треба да оддели средства.

Loading