И СОКАЦИТЕ СО АСФАЛТ

Општината оваа година за изградба, реконструкција и рехабилитација на патната мрежа, предвиде средства 150 милиони денари. Парите се за асфалтирање на улиците во градот и во селата.

Акцент е ставен на капиталните зафати, како крстосницата со кружен тек на ул. “Марксова” и “Мице Козар” за која ќе се издвојат шест милиони денари. Инвестиции ќе има и во улицата “Александар Македонски” од бензиската пумпа Лук Оил до бензиската пумпа Макпетрол со должина од 790 метри и инвестиции од 35 милиони денари. Тоа е прв од дводелниот дел за авенискиот влез од Скопје. Вториот дел ќе чини 50 милиони денари до крстосницата кај Солидност.

Двоетапно ќе се решава и инфраструктурата во индустриската зона “Прилеп 1”, со изведба на подземна инфраструктура, а после со поставување  на асфалт на улиците за 40 милиони денари.

Loading