ДЕЛА ОД СТРУМИЧКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА

Вечерва во ЦК ,,Марко Цепенков,,

Изложба на над 30 дела од 49 – та Струмичка ликовна колонија ќе биде отворена вечерва од 19 часот во ЦК “Марко Цепенков”. Мераклиите за ликовната уметност ќе можат да се воодушевуваат на хармоничниот танц на боите и четките и творештвото на уметници од Македонија, Русија, Бугарија, Црна Гора, Полска, Турција, Србија… Очите ќе се полнат со колоритите на платната, создадени од Барбара Игнак, Валериј Вороблев, Мирко Вујисиќ, Горјан Ѓорѓиев, Андријана Пулеши, Ѓулај Јуксел, Милена Мила Владисављевиќ, Светозар Славковиќ – Кајзер, Јордан Гелевски, Динко Ненов, Роберт Цветковски, Васил Урдин, Петар Бељашки, Георги Божинов, Ана Лаковиќ, Григориј Потоцки и Александар Филев. Тие зад себе оставиле креации инспирирани од природата, запознавајќи се со нашата историја и традиција на Струмичката ликовна колонија.

ЦК “Марко Цепенков” ја организира изложбата во соработка со ЦК “Антон Панов” од Струмица.

Loading