БЛАГОЈА ДАМЕСКИ ПАК ПРЕТСЕДАВАЧ НА СОВЕТОТ

Советникот Благоја Дамески ќе претседава со општинскиот совет до крајот на неговиот мандат. Ова доаѓа откако досегашниот претседавач д-р Гордана Мицеска поднесе оставка од функцијата и од член на општинскиот совет, по нејзиниот избор за директор во Институтот за тутун, а што беше прифатено од советниците на 56 седница.

 Дамески, како највозрасен советник, беше претседавач при смената на претседателското место во Советот по изборот на  Димитар Стевананџија за пратеник и изборот на Мицеска за претседател пред повеќе од една година.

Следен на листата за советници од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата е Жикица Петрески. Претседавачат ќе го покани писмено да биде советник на следната седница без оглед на тоа што е предизборен период.

Иако советниците на СДСМ најавија дека ќе ги бојкотираат  седниците на Советот, тие се вратија во советничките клупи и учествуваа во расправата по дневниот ред на последната седница, но не гласаа.

Loading