Жито Прилеп
Третата недела од подготовките и засилен интензитет во женскиот суперлигаш Жито Прилеп. Тренерот Борче Марковски форсира тренинзи двапати дневно. Покрај физичка кондиција, девојките добиваат на снага со вежбите во фитнес салата, во “Сонце”. Преминуваат во новата фаза, комбинираат со работа на тактичко – технички план. Разработката е во нападот, особено во одбраната, која ќе треба да биде акцент во играта на Жито Прилеп. Значи, ќе се оди на што помалку примени голови, со што се отвораат контри, како во секој современ тим.
Тактичките варијанти се претходница на серија пријателски средби, но тука е проблемот. Како да се најдат спаринг партнери, кога само три екипи тренираат, Металург и Вардар, Куманово. Куманово веднаш отпаѓа, поради тоа што е противник за бодови на 23 – 24 февруари, на одложениот меч од есеноска, така што скопските тимови се опција. Крајна алтернатива е внатрешен меѓуклупски тест на два тима.
Меѓу играчкиот кадар, нова е бекот Маја Ивановска од Куманово, а на пат се уште една – две, но не се откриваат. Приклучени се две младинки, голманката Ангела Стојанова и десниот бек Драгана Иломаноска.