Околу 160 жители од селото Клепач наскоро ќе добијат вода во домовите. Локалната самоуправа распиша тендер за избор на најповолен понудувач за изработка на доводен цевковод и разводна мрежа до селото, кое ќе добие вода од блиското село Ношпал.
– Нема да се штедат пет милиони денари, на жителите да им се задоволат животните и хигиенските, па и другите потреби за вода дома – велат од општината.
Средствата се обезбедени од општинскиот буџет.