ОУ “Блаже Конески”
Не можат да се добројат наградените ученици од градов на државното првенство во карате кое се одржа во Кичево. Ученичките од ОУ “Блаже Конески”, Јована Талеска и Кристина Каламукоска ја освоиле бронзата под менторство на наставникот Тони Николоски.
Јована, иако е второ одделение, се натпреварувала во кати со повозрасни учесници и само со еден пораз во финалето, стигнала до третото место, меѓу 40 учесници. И петтодделенката Јована Талеска ја добила бронзата, но во повозрасната група. И таму имало жестока “борба”. Двете тренираат напорно и кимоната им ги красат црвени појаси.
Од сосема друго натпреварување, кое не бара покажување на физичка сила, туку добро умствено изразување преку пишан збор, Флорентина Вељаноска од 5-то одделение добила пофалница за песната од конкурсот на Народната банка по повод светскиот ден на штедењето. Со песната “И јас умеам да штедам”, добила пофалница потпишана од гувернерот Димитар Богов.
И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ
Денар по денар
во касичка штедна
за некој месец
кукличка вредна.
Денес е еден денар
утре се два
за пет дена се пет
и за една година велосипед.
Вака деца штедам јас
весело на глас
штедете деца сите
за весели да ви бидат дните.
Флорентина Вељаноска V – 2
О.У “ Блаже Конески ” – Прилеп