УЧИЛИШТЕ КАЈ СТОЧНИОТ ПАЗАР

Во деталниот урбанистички план за населбата Сточен пазар е предвидено изградба на ново подрачно училиште на ОУ “Рампо Левката” до петто одделение. Новата училишна зграда ќе е за децата од населбите Сточен пазар и Жабино маало, зашто тие засега пешачат и патуваат со автобус до училиштата, оддалечени повеќе од два километри во една насока.

Локалната самоуправа ќе обезбеди парцела за објектот од 672 м2 со пет училници, аула, канцеларии за персонал, санитарии за децата и персоналот и влезна партија. Дворното место ќе биде уредено со спортски терени, училници на отворено и простор за одмор. 

Loading