ТОШЕ ЖИВЕЕ ВО СРЦАТА

Ако не беше фаталната ноќ на погибието на мега – ѕвездата Тоше Проески, тој денес ќе го славеше 32-от  роденден.

Но, легендите умираат само телесно, а нивните дела се паметат вечно.

За денот на раѓањето Фондацијата “Тоше Проески”  премиерно го промовира видео спотот од песната “Све је ово премало за крај”, од композиторот и текстописец Јелена Трифуновиќ точно во 12 часот на www.onairmusic.mk.

Фондацијата за почитување на делото на Тоше ќе ги заштити делата од секакви злоупотреби, па склучила договор со компанијата ОнАир.ФМ за заштита на необјавена песна.

Роденденот на Тоше се слави денеска во Крушево со музички концерт.

Loading