Историја
Клубот без терен, Корзо, некогаш менувал пет локации. По формирањето во 1972 година првите пет години настапувал на игралиште на местото каде е салата “Македонија”. Преместувањето било над Могилата, но за кусо, оти во близина имало радиопредавател. Спуштањето малку подолу не било пишано за постојано. Властите препорачале да се бега подалеку од спомениците на борците. Новата преселба била кај фабриката 11 Октомври, но и таму имало отпор со ветување дека наскоро ќе се оддолжат со убаво игралиште на друго место, што не се остварило. Клубот немал сили и се расформирал, но останаа спомените за големите ентузијасти, како и црно – белата фотографија со потписи на кадросаните: Коста Мариоецо, Миле Боше, Менде Тртата, Боне Чорото, Кирил Мекото, Добре Чачоро, Диме Питулицата, Трајан Лутото, Миле Левата, Илија Писаро и Благоја Цацата.
На радост на сите жители од населбата обновувањето по заслуга на Коста Мирчески, Петре Коруноски, Александар Попов, Панде Трајчески и други се случи 2007 за брз прогрес до Втората лига.