СКЕЈТЕРСКИ ЌЕФ ПОД МОГИЛА

Локалните власти ќе финансираат градба на скејт парк на 1331 м2 за возење на скејтборд, ролери или БМХ велосипеди пред спортската сала “Македонија”. Просторот ќе биде адаптиран и за организирање на културни и спортски настани. Скејт паркот ќе им биде предаден на младите за забава за два-три месеци.

Паркот ќе содржи дел за почетници, со рампи, скали, метални препреки и огради, помали надвишувања и аморфен базен со различна длабочина од 80 см., па до 2 м. Одделен ќе биди просторот за искусни. Бетонските платоа меѓусебно ќе бидат поврзани со тревната површина.

– Лани немавме средства во буџетот, а годинава Советот ја верификува граѓанската идеја. Преминуваме на реализација со завршувањето на тендерот за избор на изведувач – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Скејт паркот е остварување на идеите, предложени од граѓаните за рекреација и за разубавување на градот.

Loading