ПОДОБРО ВОДОСНАБДУВАЊЕ СО 200 ИЛЈАДИ ЕВРА

ЈП Водовод и канализација (ВиК) гради препумпна станица за обезбедување поквалитетно снабдување со вода на жителите од повисоката зона од градот.  Инвестицијата е 12 милиони денари, а средствата  се обезбедени од ВиК.

Според директорот Саше Николоски, проектот се реализаира за редовно и континуирано снабдување со вода на високата зона при намален прилив од регионалниот водовод Студенчица.

– Изработивме студија за водоснабудвање, врз чија основа се гради препумпна станица. Тоа подразбира поставување на потопни пумпи со фрекфентна регулација во стариот варошки резервоар, филтерската станица до заобиколниот цевковод за висока зона пред новиот варошки резервоар – вели Николоски.

Со активирањето на препумпната станица ќе се остранат проблемите на населението од повисоките населби и катови и подеднакво ќе имаат на располагање вода сите делови од градот.

Loading