Речиси сите пензионерски разграноци ја прославија Старата нова година низ песна, оро и закуска. Пензионерите од “Гоце Дечев” средбата ја завршиле со традиционалното вртење бурек со паричка, а најсреќната пензионерка добила и пригоден подарок. Околу 130 жени – пензионери си ги “олесниле “ нозете со некое орце како во младоста. На испраќањето на старата година КУД “Пенка Котеска” и “Пензионер” од здружението им приредиле новогодишен концерт на старите и изнемоштени лица во домот “Киро Крстески – Платник”. Хумани биле пензионерите за празниците. Доделиле прехранбени пакети на 50 колеги со ниски пензиски примања.