Проекциите на македонскиот кандидат за Оскар, “Трето полувреме” во ЦК “Марко Цепенков” ја врати страста кон филмската уметност на големото платно. Веќе неколку дена се бара влезница повеќе низ редиците пред билетарницата. Не е чудно да се јават и “тапкароши”, препродавачи, на влезници за повисоки цени, кога салата се полни до последното седиште за едната кино проекција. Небаре владее глад за добар филм на голем екран. За градската филмска еуфорија, како некогаш за “Одвеано со ветерот” или за комедиите на “вестерн макароните” на Бад Спенсер и Теренс Хил, сведочи фактот што само за четири дена, 1500 граѓани уживаа во интересната приказна за љубовта и лојалноста во време на војна.
Ц.К. ќе го прикажува “Трето полувреме” додека не се задоволи секој мераклија за “подвижните слики”.