ЧУПЕ НУРНА ПО КРСТОТ

Прославен празникот Богојавление – Водици

Со богослужба, со фрлање на крстот и донаторска конференција беше прославен празникот Богојавление – Водици. Убавото време им одеше во прилог на граѓаните кои се охрабрија и во потрага по среќата и здравјето скокаа по крстот во осветените води на базенот Сонце. Точно 74 храбри сограѓани не им беше студена водата и без  двоумење се нурнаа да го најдат светиот христијански знак – крстот. Со тоа дадоа придонес во одржување на корените и продолжувањето на традицијата. И на двете девојки, 13 годишната Ема Бошкоска и 18 годишната Елена Наумоска, не  се тресеа од камен ладната вода. Сепак, најмногу к’смет имаше 24 годишниот Александар Велјаноски, кој успеа најбрзо да стигне до крстот. Градоначалникот Марјан Ристески му подари златен крст и телевизор.

За празникот, повеќе граѓани и фирми го разбудија големото дарителско срце во себе, демонстрирајќи чувства за поддршка на градбата на православниот храм Света Петка во Точила. На донаторската конференција се собрани 2,6 милиони денари. Парите ќе се доволно за изведба на надворешноста на Божјиот дом, што се гради по 100 години.

Loading