БРАНИТЕЛИТЕ ВО ЕДНО

Ноформираното здружение “Прилепски бранители” е основано да ги обедини сите бранители застанати на браникот на независна Македонија во конфликтот од 2001, без разлика дали се од полиција или од армијата. Веќе се регистрирани 511 членови, а раководството очекува раст на членсвото.

– Се организираме во единствена асоцијација со заеднички интереси и барања што ни припаѓаат. А тоа се бесплатно здравство, дошколување на  бранителите кои имаат трет степен за четврт. Или бранители со основно, да добијат средно образование. Се залагаме за реално вработување. Тоа е почетна фаза, додека нема закон за бранители. Паралелно се грижиме за интересите на сопругите и децата на бранителот – вели  потпретседателот Зоран Талески.

Гоце Стефаноски додава дека здружението ги поврзува и оние кои дејствувале во НОВ, во Егејска Македонија…

– Сите имаат еднаков третман. И тие се бореле за опстанокот и за суверенитетот на државата во некој период. Тоа е разликата од другите. Плус, барањата ги предлагаме низ институциите – објаснува Стефаноски. 

За Нова Година, асоцијацијата доделила 67 пакетчиња на децата до седум години на бранителите, а за Божик подарила прехранбени и хемиски производи на семејствата на членовите со потешка социјална положба.

Loading