По повод неодамнешното реактивирање на Гарнизонот Мирче Ацев”, со свечен војнички ручек беше одбележано обновувањето и развивањето на воената цивилна соработка. На овој свечен чин присуствуваше и градоначалникот Марјан Ристески, кој посочи дека враќањето на војската има безбедносен и економски аспект за градот. По седум години Армијата на Република Македонија ќе има свои единици во касарната Мирче Ацев во Прилеп, во која ќе бидат стационирани единици. Во реактивираната касарна ќе бидат сместени околу 400 професионални војници.