Параглајдерство
Параглајдеристите од клубот Делта се меѓу најактивните во подготовките. Семејството Јованоски, Миле, Мартин и Борјан, сите членови на репрезентацијата, работат на проектот Светско првенство. В лето е светскиот параглајдинг мундијал во Сараево, Б и Х, на Бјелашница.
– Сонот е медал. Даваме сé од себе да се пее химната во 2013 година – велат пилотите Јованоски.
Минатата 2012 беше одбележана со успеси на силни турнири, а најважен беше во Драма, Грција, каде на јужните соседи им заседнаа на пиедестал.