РОНИН ПРЕД ЛУКАС

Демант

До редакцијава со реакција се јави Златко Димоски, тренер на КК Ронин и селектор на сениорска и јуниорска репрезентација во кати, во врска со објавена информација за Државното првенство во училишен спорт, кое се одржа во Кичево. Еве ги неговите забелешки:

– Апсолутна лага и манипулација е објавената информација дека КК Лукас е најуспешен со најмногу освоени медали. За сведоштво се официјалните резултати од канцеларијата на КФМ и Федерацијата за училишни спортови. Не знам од кои мотиви тренерот доставил лажна информација. Знам дека на првенството имаше обид да пријави ученици кои учат во други училишта, да се натпреваруваат за сосема други училишта. За ова е запозната КФМ и потврден е обидот за фалсификат. Згора на тоа, пријавена е ученичка не само од друго училиште, туку и во помала, несоодветна категорија. Затоа се поништи резултатот во таа категорија.

Во прилог се официјалните резултати, каде точно се гледа бројот на освоените медали на секој. Учениците на КК Ронин, вкупно освоија 16 медали, од кои четири златни, пет сребрени и седум бронзени. Учениците на КК Лукас освоија седум медали, два златни, еден сребрен и четири бронзени. Вклучително и со поништениот резултат би биле осум, но тоа е далеку од 16 медали на КК Ронин – забележува Златко Димоски.

Loading