РАЗУБАВУВАЊЕ НА УБАВОТО

Велат дека сликата вреди илјада зборови, па ланската идеја за училишен календар со учениците од СОУ “Ѓорче Петров” и годинава се реализира. Секогаш кога ќе се прашате кој датум е, на календарот ќе ви подзастане окото од моделите и фото – моделите на средното училиште со бројни различни струки. Покусо не останаа и гимназијалците. И тие ги покажаа своите “манекени и манекенки” на шестлистен календар.

{AG thumbWidth=”150″ thumbHeight=”90″ thumbAutoSize=”width” arrange=”priority” backgroundColor=”ffffff” foregroundColor=”808080″ highliteColor=”558CB6″ frame_width=”450″ frame_height=”300″ newImageTag=”0″ newImageTag_days=”7″ paginUse=”1″ paginImagesPerGallery=”10″ albumUse=”1″ showSignature=”1″ plainTextCaptions=”1″ template=”classic” popupEngine=”fancybox”}pic/petka/239/kalendar{/AG}

На фотографиите од ѓорчепетровци се ученици, а позираат заедно со изработки од струките дрвопреработувачки техничари, медицински сестри и останатите. Идејата на професорката по ликовно Марта Макеска и директорот Дејан Димоски прекрасно е изведена на фото – сесиите во повеќе места, меѓу кои и општинската зграда. За секој месец има по неколку ученички кои без трема, “професионално” позираат во кадри што ја објаснуваат дејноста на училиштето и кариерите што излегуваат од него.

Во изработката на календарот помогнале компанијата “ДЕ – НИ мебел”, со материјали ги снабдила конфекцијата “Моника”, а за сликањето било одбрано фото студиото “Зрак”.

Речено е дека најдобар начин на ласкање е копирањето. И гимназијалците, годинава, подучени од истата професорка направиле календар. Ама гимназијалците само ја презеле добрата идеја, и ја дотерале по нивни тертип. Фото – моделите се гимназијалци, фотосесиите се во гимназијата, а и фотограферот е гимназиски – Ѓорѓи Десподов. На гимназискиот календар со шест листа представени се облеките од Спорт Шоп Лукас.

Loading