СОУ “Орде Чопела”, бил домаќин на 15 директори од средни училишта од земјоделска струка од Србија. При посетата, гостите размениле искуства со нашите професори и директори и отвориле простор за соработка на образовно поле, но и меѓу наставниците и учениците.
Српските директори, биле пријатно изненадени од наставната програма на СОУ “Орде Чопела” и го поканиле колективот на возвратна посета каде што треба да се одлучи за збратимување со некое од училиштата.